Македонската фудаблска репрезентација останува во игра за директен пласман на Европското првенство откако вечерва сосема заслужено ја надигра селекцијата на Словенија со 2-1 (0-0) која со храбри најави допатува во Скопје.
На самиот старт од второто полувреме, во 50 минута, Елиф Елмас на одлична асистенција од Горан Пандев, поведува со 1:0, а во 68 минута нашата репрезентација доаѓа до двојна предност, преку истиот играч, двојниот стрелец Елмас. Гостите во 95 минута реализираа пенал за конечни 2:1.
Победата можеше да биде порано најавена, доколку Несторовски беше нешто попрецизен во 79 минута, кога топката профучи кај голот на Јан Облак.
Со оваа победа, Македонија се изедначува на табелата со Словенија, со по 11 бодови и со ова се враќаме во игра за евентуален пласман на ЕП 2020. Веќе во недела му гостуваме на лидерот на табелата, селекцијата на Полска.