Тајсон Фјури ја доби третата борба со Деонтеј Вајлдер и остана сопственик на ВБЦ шампионскиот појас. Спектаклот во Лас Вегас заврши во 11. рунда, кога судијата ја прекина борбата, во моментите кога американскиот боксер се најде на подот, по неколку силни удари од страна на 33-годишниот Британец.
Во третата рунда Фјури прв го доведе Вајлдер во нокдаун, но во следната рунда се случи пресврт, и судијата двапати му броеше на Фјури кој беше во голем проблем. На Фјури добро му дојде паузата помеѓу четвртата и петтата рунда, па од таа петта до последата 11-та рунда, Британецот беше подобар и целосно доминираше. Во 11-тата рунда, Вајлдер веќе не можеше да продолжи, а исто како и на нивниот претходен меѓусебен дуел, му потече крв од ушите, и судиите тука прогласија крај на мечот.
Сега Фјури изгледа го чека борба против победникот од пресметката на Дилијан Вајт и Ото Волин, а можно е да има и негова пресметка против Олександр Усик.