Како што пренесе Пресмедиабих, воениот аналитичар Александар Радиќ вели дека тоа е „многу опасна егзибиција каква што светот никогаш не видел“, дека властите мора веднаш да го уапсат Митровиќ и дека тоа што тој го прави е апсолутно забрането.

„Жељко Митровиќ гаѓајќи минофрлачки мини со лак е нешто што светот досега не го видел. Тој претставува сосема нов и необичен пристап кон егзибиционизмот. Реакцијата на ова треба да биде повик до психијатар да го прегледа. Егзебицијатана Митровиќ до тој степен е опасна и ненормална и се поставува прашањето каде тој тоа го правел. Ако е на некој од полигоните на МУП или на војската на Србија или во близина на фабрика за воена индустрија, тогаш тој што му го дозволил тоа е исто така луд.

Полицијата мора итно да дејствува и веднаш да го уапси. Тоа што го прави не само што е спротивно на законот, туку од аспект на професијата нема можност рационално да се објасни. Тоа е лудило и, повторувам, луд е и тој што дозволил да се случи. Доколку има државни органи ќе треба веднаш да реагираат. Да бев на нивно место, веднаш ќе го испратев САЈ да го уапси“, изјави воениот аналитичар Александар Радиќ.

Тој додаде дека оваа минофрлачка мина е „посмртоносна и поефикасна во својот смртоносен ефект од артилериска граната со исти димензии и калибар“. Тој наведе и дека такви мини се гаѓаат од дронови во Украина. „Очигледно Митровиќ купил одредена количина мини од Крушик, направил и дронови кои ги носат тие мини, а сега ги пука со лак и стрела. Вакво нешто не сум видел, ова е опасно, незаконско и ненормално“, изјави Радиќ.