Кинескиот гигант на онлајн продажба Алибаба во првите девет часа од “Денот на осамените“ која компанијата го организира секој 11.ноември, направи промет од 22,63 милијарди долари, односно, 25 отсто повеќе од ланските први девет часа на празничниот ден за шопинг.
“ Денот на осамените“ е пандан на американските “Црн петок“ и “Сајбер понеделник“ , а директорот на Алибаба, Данел Џанг го воведе во 2009 година како 24-часовен онлајн шопинг празник.
Инаку, празникот е познат и како “Двоен единасет“, а името на фестивалот потекнува од календарскиот датум 11.ноември, а четирите единици (11/11) го означуваат статусот на самец.