Холивудскиот глумец Шон Пен бил фотографиран на одмор во Италија со нова девојка, 20 години помладата актерка Олга Коротјаева.
Парот цело време се држел за раце, се бакнувале и допирале, не обрнувајќи внимание на љубопитните погледи и блицевите од папараците. Уживале во шопингот и прошетките, а повремено разменувале и нежности. Инаку, двајцата за првпат биле фотографирани минатата недела на романтична вечера во Малибу, но сепак ова било патувањето кое дефинитивно потврдило дека тие двајца се заедно.
Славниот актер бил постар 20 години од својата нова партнерка, а убавата Олга е најпозната по уловите во филмовите „Le bonheur“ од 2013 година, „Banking District“ од 2017 година и „Blast“ од 2021 година. За нејзиниот приватен живот на интернетот не кружеле многу информации, ниту пак е активна на социјалните мрежи, па затоа нејасно за сега како парот се запознал.