Туристи кои веќе го посетија грчкиот монденски остров Миконос објавија какви цени не чекаат за престоојниот летен одмор во 2023 година. Судејќи според нивните информации, сезонава ќе биде „Многу, многу евтина“.
Туристите кои во мај годинава одмарале на популарниот грчки остров биле на непријатно изненадување кога ја добиле сметката за пијалоци.
–Едно пиво чинеше неверојатни 37 евра, домашна лимонада 46, а на сајтот на TripAdvisor започна вистинска дискусија за тоа дали е можно овие пијалоци, кои никој навистина не би ги нарекол луксуз, да чинат толку многу во Грција.
Навреди од сопственикот добила и туристка од Британија која се пожалила на високите цени на бар на плажа на Миконос.
„Не знаеме кој си, бидејќи не се сеќаваме на муштеријата што ја нарача лимонадата и сендвичот. Не знаеме ни дали некогаш навистина си бил наш гостин, а имаш храброст да се скриеш зад прекар и пишувајте клевети на наша сметка“, напишаа од тој локал.
Фрустрираните туристи продолжуваат да даваат лоши критики за овој локал во Грција, а последната беше пред неколку дена.
Еден анонимен турист напиша:
„Кога би можел да им дадам минус десет ѕвезди, тоа би го сторил. Никогаш не доаѓајте тука “.
Друг британски турист напишал дека овој бар има вештина да привлекува гости, нудејќи бесплатни лежалки доколку се нарача пијалок. Но, тогаш, кога ќе пристигне сметката, целиот ваш одмор е завршен.