Полицијата во Задар потврди дека се случило тројно убиство во семејна куќа, при што е пронајдено телото на убиецот кој извршил самоубиство.
На местото на настанот пронајдени се три мртви тела, две жени родени во 1937 и 1954 година, и едно машко лице родено во 1981 година.
Тројното убиство го сторил 63-годишниот Чедомир Керан. Имено, тој прво за удрил својата 64-годишна сестра со тврд предмет, а потоа го убил и својот 37 годишен внук. На крајот на убил и 80 годишната свекрва на својата сестра.
Медиумите пишуваат дека буквално ги измасакрирал телата. Откако ги убил, тој го повикал соседот и му рекол: Ги убив, повикај полиција, направив сра*е“. После тоа се обесил.