Видео од кинеска болница во провинцијата Хубеи се појави во јавноста, на кое се гледа жена која се пораѓа, а за која постои сомнение дека е заразена со коронавирус. Лекарите ја породуваат жената облечена во заштитни костуми. Бебето веднаш било однесено на испитување.
Инаку, најмалку 56 луѓе досега починаа од коронавирусот, а околу 2.000 се заразени. Бидејќи веќе нема доволно болнички кревети, надлежните почнаа да градат нова болница која се очекува да биде завршена за само неколку дена.
Welcome to the world little one! A 28-year-old woman who is highly suspected to have the #WuhanCoronavirus gave birth to a baby in Hubei Province, the epicenter of the outbreak, on Chinese #NewYearsEve. pic.twitter.com/rPIYTC2Ibz
— Global Times (@globaltimesnews) January 26, 2020