ШОК ПРЕД КАМЕРИТЕ: На водителките им било наредено да ја напуштат емисијата, двете биле позитивни на ковид (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Ана Наваро и Сани Хостин, кои биле целосно вакцинирани, го напуштиле студиото неколку минути пред гостувањето на американската потпретседателка Камала Харис.  

На водителките Ани Наваро и Сани Хостин среде емисијата „Погледот“ на Еј-Би-Си (АБЦ) телевизијата им било речено дека мора да ја напуштат.

– Двете мора да излезете на момент – им рекол човекој кој се наоѓал зад камерите

Ана и Сани биле вакцинирани со две дози вакцина против ковид-19, но рале да го напуштат студиотто пред доаѓањето на американската потпретседателка Камала Харис затоа што им бил потврден коронавирусот. Со нив во студиото биле уште две водителки.

– Се чини дека овде нешто се случува, но не сум свесна за што. Може некој да ми објасни што се случува? – коментираше водителката и потоа им објасни на гледачите што се случило.

– Бидејќи ова во секој момент ќе биде главна вест, Сани и Ана очигледно биле позитивни на коронавирусот. Овие работи се случуваат, веројатно брзо ќе се опорават и сигурно ќе бидат добро затоа што се целосно вакцинирани – изјави водителката Бехар.

Потпретседателката на САД, Камала Харис потоа се вклучи во емисијата од другото студио во централата на Еј-Би-Си во Њујорк.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com