Жена од областа Амур во Русија, оживеела во мртвачница, откако претходно била прогласена за мртва. Лекарите безуспешно се бореле за нејзиниот живот, и на крајот умрела од хепотермија.
Претходно, Русинката се онесвестила откако пиела со пријателите. Наместо итна помош кај жената стигнал полицаец кој ја прогласил за мртва и телото го испратил во мртвачница. Лешот почнал да дава знаци за живот додека патологот и ја ставал ознаката на стапалото. По 40 минути “борба“, итната помош ја стабилизирала нејзината состојба, но подоцна таа умрела во болницата во Велогорск.
Медицинските стручњаци сметаат дека полицаецот грубо ја прекршил процедурата затоа што не почекал да пристигнат лекарите и дека во тој случај жената ќе била жива.