Поранешниот шампион во УФЦ и најголема ѕвезда на ММА, Конор Мекгрегор објави дека се повлекува од спортот.
Рано утрово тој на својот Твитер профил напиша дека завршил со „мешаните борби“ како и дека им посакува среќа на своите колеги борци во иднина.
„Еј момци, имам кратко известување. Одлучив да пензионирам од спортот формално познат како „мешани борби“. На сите мои стари колеги им посакувам да напредуваат. Сега им се придружувам на моите поранешни партнери кои се веќе во пензија“, стои во Твитот на Конор.