Една од најуспешните манекенки на сите времиња, славната Кејт Мос, е забележана по подолго време во јавноста. Кејт со својата појава изненадила многумина додека некои не можеле да поверуваат дека е навистина таа.
49-годишната Мос била фотографирана пред еден ресторан во Мејфер, Лондон, на семеен ручек, а на нејзиното лице можат да се забележат последиците од бурниот живот кој таа го водела. Кејт била фотографирана со цигара во раката, еден од нејзините најомилени пороци.
По овие фотографии, луѓето коментираат дека таа очигледно им се вратила на старите лоши навики и пороците, откако минатата година изјави дека живее поздраво и внимава што внесува во организмот.
За време на нејзината турбулентна кариера, Кејт го привлекуваше медиумското внимание каде и да се појавеше. Поради начинот на живот кој го водеше, таа често беше тема на светските медиуми, а нејзината врска со актерот Џони Деп крена голема прашина. Во текот на 90-те, Кејт верно присуствуваше на сите најголеми забави во тоа време, а набрзо стана позната по тоа што можела да консумира 3 грама кокаин и да испие 1 литар вотка за рекордно време, откако во британските таблоиди беа објавени фотографии на кои го прави тоа.
Наводно, Мос е трезна во изминативе пет години, но на крајот на минатата година се појави видео кое пројави сомнеж кај многумина. Тогаш Кејт предизвика загриженост на еден моден настан во Њујорк, откако одржа говор на сцената кој ги остави сите да се прашуваат што не е во ред со неа. Таа во текот на говорот делувала нервозно, се придржувала за говорницата и нејасно изговарала одредени зборови.