Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е позитивен на коронавирус и нема да настапи на полуфиналниот бараж натпревар од Лигата на нации против Косово кој може да не донесе само еден чекор од Европското првенство.
Оваа шокантна информација доаѓа од Неапол каде тимот на Елмас, Наполи потврди дека македонскиот репрезентативец е позитивен на коронавирус.
– Резултатите од последните четири теста ни открија дека Елиф Елмас е позитивен на Ковид 19, – гласи објавата на Наполи која најмалку сакавме да ја чуеме на пет дена пред историскиот ден со Косово во Лигата на нации.
Елмас ќе претставува огромна загуба за селекторот Игор Ангеловски, а дополнително треба да се потврди дали Горан Пандев ќе добие дозвола за настап од италијанските власти.
Елиф Елмас е втор македонски репрезентативец кој поради коронавирусот нема да игра на мечеви за националниот тим, откако минатиот месец голманот Столе Димитриески од оваа причина отпадна за пресметките со Ерменија и Грузија.