Две видеа се појавија на Фејсбук на кои се гледа како змија се обидува да влезе во возилото, кое е полно со патници.
Видеото на социјалните мрежи го сподели Марјанчо Пешовски, а на истото се гледа како змијата врти околу автомобилот и се обидува да влезе внатре.
Дел од патниците започнуваат да паничат, при што возачот потврдува дека е затворено и нема како да влезе. И покрај тоа што змијата не влегува внатре, самиот чин односно нејзиното движење е застрашувачки за сведоците.
Откако застанале, во коментар, авторот на видеото пишува дека змијата толку добро се сокрила во вратата, поради што им требале 30 минути за да ја пронајдат.