Познати како вредни, Јапонците се шокираа кога дознаа дека треба да одат на непланиран одмнор и та цели десет дена. По повод одбележувањето на авдикцијата на царот Акихито и доаѓање на престолот на неговиот најстар син Нурихито, Јапонија ги прогласи деновите од 27 април до 6 мај за неработни. Тоа предизвика шок меѓу Јапонците , кои не се навикнати на долги одмори. Секој вработен има право на годишен одмор од 10 дена годишно , што го користат на повеќе пати во текот на годината , а 60 % од вработените имаат грижа на совеста поради одење на годишен одмор.
Сега повеќето Јапонци сметаат дека 10 неработни денови поради крунисувањерто на бновиот цар едниоставно се премногу. Најголемиот број не знае што би правеле , додека оние во услужните дејности , кои ќе работат , не знаат кој би им ги чувал децата.
Според последната анкета на весникот Асахи , 45 % од јапонците се чувствува несреќно поради долгиот одмор, а 35% се изјасниле дека се среќни.
Вчера Владата на Јапонија усвои ограничување на работното време, поради се почестите случаи на смрт на работното место.