ШОК ВО ШПАНИЈА: Пет фудбалери на Барселона биле заразени од коронавирус!

by Тони Зографски

Петмина фудбалери и двајца членови на стручниот штаб на Барселона, биле позитивни на првото тестирање на КОВИД-19. Секој тим пред да почне со тренинзи, мораше да биде тестиран по неколку пати.

Оваа информација е добиена од каталонскиот радио „RAC1“, сознанието изнесено во шоуто „Tú Diràs“, а никој од петте заразени немал симптоми на вирусот.

Во меѓувреме, тие се опоравиле и тренираат редовно со тимот, бидејќи владата дала „зелено светло“ дека клубовите можат да организираат тимовите во нивните тренинг-центри.

Барса успеала да ги скрие податоците за заразените играчи, никој од претставниците на Ла Лига немал сознанија за позитивни случаи и прашање е како челните луѓе на Примера ќе реагираат на овој потег на Каталонците. Според клубот петте заразени фудбалери и двајцата од стручниот штаб биле изолирани и било постапиено според сите пропишани протоколи.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com