ШОК ВО СВЕТСКИОТ ТЕНИС: Надал најави крај на тениската кариера

by Тони Зографски

Она што долго се шпекулираше во светските спортски медиуми денеска доби потврда. Прогнозите се остварија легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал ги пропушта Ролан Гарос и Вимблдон, и навести крај на кариерата

кариерата организираше прес-конференција на која присуствуваше целото негово семејство и најави повеќемесечна пауза од тенисот.

Еден од најдобрите светски тенисери во истријата, трофејниот Шпанец, Рафаел Надал денеска одржа прес конференција , а главна причина за неговото обраќање беше највата за отсуство од неговиот најомилен Грен слем- Ролан Гарос во Париз.

– Нема да можам да играм на Ролан Гарос. Работев колку што можев, но не можев да најдам решение за проблемот – изјави Надал и додаде: – Морам да паузирам некое време. Не знам кога ќе можам да тренирам. Не сакам да ја предвидувам иднината – додаде шпанскиот тенисер. Надал четиринаесет пати во кариерата го освои Ролан Гарос и е апсолутен рекордер.

Со ови изјави на пресот Надал само ги потврди медиумските шпекулации дека нема да игра на следните Грен слем турнири поради повреда.

Надал додаде дека ќе го пропушти и Вимблдон кој ќе се игра во јули. Тоа доаѓа како своевидно изненадување и доказ дека повредата е сериозна.

На прес-конференцијата Шпанецот посочи дека 2024 година може да биде последната година во која ќе игра тенис.

– Има големи шанси 2024 година да биде мојата последна година на турнејата. Мојата мотивација е да се обидам да уживам и да се збогувам со сите турнири кои ми беа важни – изјави трофејниот Рафа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com