Внуката на холивудската дива и принцеза на Монако Грејс Кели и на принцот Рение, Шарлот Казираги, неодамна се раздели од сопругот Димитри Расам по четири години брак. А, нивниот брак изгледаше како совршена заедница однадвор.
Шарлот, инаку е ќерка на принцезата Каролина, која е сестра на принцот Алберт и принцезата Стефани од Монако.
Шарлот (37) и Димитри (42) се венчаа двапати во јуни 2019 година. Шарлот, која е и амбасадорка на луксузната модна куќа „Шанел“ и филмскиот продуцент се свршија во март 2018 година, а во врска се од 2016. Тие го имаат синот Балтазар кој го добија во 2018 година, а Шарлот е и мајка на синот Рафаел (10) кој го доби со комичарот Гад Елмал.
Сепак, изгледа дека убавата внука на Грејс Кели не останала долго сама. Имено, таа веќе се вљубила во друг маж, а станува збор, наводно, за познатиот и наградуван писател кој живее во Франција.
Станува збор за Николас Матје, а сè уште не е познато колку долго парот е заедно, додека се чека потврда за нивната врска.
Она што е познато е дека Шарлот поднела барање за развод од Димитри во декември и дека нивниот брак е само формалност, а таа продолжила понатаму кога е љубовта во прашање. Инаку, Димитри е син на француската филмска дива Керол Буке.
Иако како причина за разделбата се наведува далечината, сè уште не е познато дали тоа има некаква врска со Николас. Тој и Шарлот се фотографирани во Париз, а странските медиуми пишуваат дека двојката изгледа среќно.
„Николас на прв поглед немаше профил да заведе членка на монегашкиот двор. Па, сепак, меѓу нив се гледа магија – наведува „Париз мач“, кој пишува дека новопечениот пар не се разделува.“
Додека Шарлот е меѓу еден од најгламурозните членови на кралското семејство во Монако, растејќи со присуство на престижни настани како Балот на розите, заднината на Николас е значително поскромна.
Осврнувајќи се на своите корени во интервју за „Резидентс“, Николс рекол: „Во моето читање, мојот копнеж да пишувам и мојата академска кариера, отсекогаш сум бил нестрплив да се дистанцирам од приказната за своето потекло во провинциската Франција од пониска средна класа“.