Полицијата во Ангола социјалната дистанца ја спроведува на најбрутален начин, со убивање. Последна жртва е 21-годишниот Антонио Домингос Вулола кој беше убиен во саботата откако со група луѓе го прекршил полицискиот час и забрана за групирање.
Министерот за внатрешни работи се огласи со соопштение во кое наведе дека полицијата реагирала во самоодбрана.
-Граѓаните пружија отпор и ги нападнаа полицајците со фрлање на гранки, камења и шишиња. За да се одбранат, полицијците запукаа и случајно погодија едно момче – стои во соопштението до медиумите.
Братот на жртвата, Жоао Антонио Вулола истакнал дека Антонио бил погоден во глава кога бегал.
-Полицијата дојде и почна да ги тепа и тие што носеа маски. Брат ми не немаша маска и се обиде да побегне. Тогаш полицијата испука три куршуми, еден во воздух, а два во главата на брат ми и го уби на лице место – откри Жоао.