ШОК: Водачот на „Шверцери“ ќе биде одговорен за македонските навивачи во Букурешт?!

by Тони Зографски

Водачот на навивачката група „Шверцери“, која навива за тимот на Шкупи, Омер Буњаку, бил одреден за одговорен за македонските навивачи на претстојното Евро 2021 на кое нашата селекција ќе одигра два меча во Букуреш, а еден во Амстердам, во веднаш донесе огромен револт на социјалните мрежи.

Ваквата одлука донесе без меѓу навивачите на останатите екипи во државата со македонски етнички предзнак, кои се шокирани како може ваква одговорност да му се даде на човек кој доаѓа од една од најголемите антимакедонски навивачки групи, која не еретко ја глорифицирала „Голема Албанија“ во минатото.

Буњаку на пошироката јавност ѝ стана познат по учеството во инцидентот на Кале, за што беше осуден со условна казна од седум месеци, во 2014 година да биде притворен за демолирање на кафуле во скопската чаршија само зошто би пуштена македонската песна „Распукала Шар Планина“. Тој заедно со уште неколкумина од групата „Шверцери“ ги нападнале келнерите, гостите и човекот што пуштал музика, притоа правејќи голема материјална штета.

Инаку, Македонија за претстојното Евро 2021 доби околу 2.000 билети, кои ќе бидат распределени преку ФФМ, а еден од тие што одредуваат кој ќе доби влезница за нашето деби на голема сцена е и Буњаку, кој со своите постапки се има докажано како човек кој има голем антагонизам кон сѐ што е македонско.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com