Фудбалскиот свет е остана во шок со исчезнувањето на авионот со кој леташе аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала. Тој со приватен авион во понеделникот се враќаше од Нант кон Кардиф, но авионот исчезна од радарот во понеделникот околу 20:00 часот и од тогаш му се губи секаква трага.
Англиските медиуми дојдоа и до неверојатни информации за пилотот.
Наводно, пилотот Дејв Иботсон (59) кој управуваше со авионот немал лиценца за комерцијални летови. На човекот летањето му било хоби, а негова професија била инсталирање на греење, а работел и како диџеј. Исто така е откриено дека Иботсон бил во големи долгови и должел околу 18.000 фунти, па целото ова исчезнување на авионот навистина прераснува во огромна мистерија.
-Дејв беше одличен пилот со голем број на часови летање и ако кажал дека зарѓал сигурно се шегувал. Ја работеше оваа работа од забава, никогаш тоа не му беше извор на примарна заработка. Никогаш не би летал со авион кој не го познава Работеше како инсталатер за греење, беше и диџеј. Беше полн со живот и одличен забавувач-, за „Сан“ открил негов пријател.