СВЕДОШТВО ОД ГРЦИЈА: “Спасувавме колку можевме, Романката и синот не успеавме“

by Тони Зографски

Во катастрофалното невреме на Халкидки загинаа шест туристи, двајца од Чешка, жена и осмогодишно дете од Романија и маж и дете од Русија.
Како што тврдат очевидци, ветерот бил толку силен што ги подигал киосците и штандовите на улица.

Помеѓу повредените, во една таверна се најде и една новинарка која изнесе шокантно сведочење како загинале Романката (54) и нејзиниот син (8).

-Во прв момент воопшто не знаевме што се случува. Трчавме, секој помагаше и извлекуваше колку можеше, имаше десетина повредени. На голема жалост, жената и нејзиниот син не успеавме да ги извлечеме – рекла таа и додала дека кон таверната летале тезги под кои останале заробени несреќната Романка и детето,

Наводно, осмогодишното дете прво се обидело да побегне, но силниот ветер го подигнал и го фрлил кон еден прозор.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com