ШОКАНТНО ОБВИНУВАЊЕ НА КИНЕСКА ТЕНИСЕРКА: „Вицепремиерот ме силуваше, а неговата жена држеше стража“

by Тони Зографски

Кинеската тенисерка Шуаи Пенг откри голем скандал кој ја потресе јавнота во државата, а станува збор за силување од страна на поранешниот вицепремиер на државата Жанг Гаоли.

Ова е прво такво обвинување на сметка на политичар. Жанг беше заменик на претседателот на Владата од 2013 до 2018 година.

35-годишната тенисерка преку социјалните мрежи објави шокантно обвинување. Таа призна дека била жртва на силување и тоа од кинескиот вицепремиер, Жанг Гаоли. Пенг открива дека била силувана кога вицепремиерот ја повикал во својата куќа за да играат тенис.

„Тоа попладне не дадов согласност и не можев да престанам да плачам. Ме донесе дома и ме натера да имаме односи.  Од страв и збунетост, на крајот попуштив и имавме секс“,  напиша Пенг, додавајќи дека неговата сопруга ја чувала вратата во тоа време.

Објавата беше отстранета за неколку минути, но наводите беа зачувани и екпресно станаа популарни, со оглед на имињата кои беа вклучени во скандалот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com