Од авионската несреќа во која загина несудениот фудбалер на Кардиф, Емилијано Сала поминаа повеќе од два месеци, но се уште не се познати околностите кои доведоа до оваа несреќа.
Имено британските медиуми пласираа уште еден шокантен момент, поврзан со пилотот Давид Иботсон за кого велат дека бил далтонист и дека поради тоа немал дозвола за летање во ноќни услови. Но и покрај тоа се согласил да го вози Сала, но и двајцата трагично завршија на дното на каналот Ла Манш.
Претходно, Иботсон не требало да го вози авионот со оглед на тоа што менаџерот на Сала се договорил со извесен Хендерсон кој од само свои причини се откажал.
Инаку, Сала загина во авионската несреќа што се случи на 21 јануари над Ла Манш, а неговото тело беше пронајдено и идентификувано на 8 фебруари.