Израелскиот ММА борец, Хаим Гозали (50), ја шокираше јавноста со последната објава на социјалните мрежи во која јасно повикува на убивање муслимани во име на познатите борци Хабиб Нурмагомедов, Ислам Махачев, Хазмат Чимаев и Белал Мухамед. За нив направил и специјална ракета.
Поранешниот израелски ММА борец, а сега учесник во натпреварите со голи раце, „подготвил“ специјален проектил за муслиманите во светот на ММА. Тој објави фотографија од ракета на која се испишани имињата на едни од најдобрите борци во УФЦ, кои се муслимани. Тука се Хабиб Нурмагомедов, Белал Мухамед, Ислам Махачев и Хамзат Чимаев.
-Ова е за вас глувците од Хаим Гозали – Израел, гласи описот на сликата што ја постираше на социјалните мрежи и за која сигурно ќе одговара пред суд.