Тенискиот свет е во шок по видеото кое покажува како татко ја тепа својата ќерка, која е млада надежна тенисерка, на терените во Белград.
Според човекот кој го сними овој шокантен момент, таткото ја тепал ќерката бидејќи сметал дека таа не се трудела доволно на тренингот. Тој информира дека се работи за кинеско семејство.
Според српските медиуми, се работи за Кинези кои престојуваат во Србија, а тепањето се случило пред три недели. Таткото, кој бил и тренер на 14-годишното девојче, бил незадоволен од тоа како ќерка му напредува во спортот. 50-годишниот В.Л. бил уапсен со помош на Тенискиот сојуз на Србија, откако снимката беше објавена вчера. Тој потоа бил и експресно исклучен од „Академијата Типсаревиќ“, на чии терени се случи инцидентот.
Još jedno brutalno nasilje oca nad ćerkom. Dobio sam informaciju da je u pitanju porodica koja dolazi iz Kine. Podnećemo krivičnu prijavu i protiv ovog monstruma. pic.twitter.com/CrU7g0JcwU
— Igor Jurić (@lojzija) October 28, 2022