Рутинската контрола на сообраќајната полиција на Нов Белград малку фалеше да се претвори во трагедија кога пијано момче додало гас, и го повлекло со себе полицаецот кој го легитимирал.
Имено, полициската патрола во доцните ноќни часови запрела патничко возило на кружен тек, на патот за Ледине.
Со возилото управувал малолетникот Л.Ј. (17), а откако полицајците утврдиле дека момчето е во алкохолизирана состојба му наредиле да го напушти возилото, објавуваат Новости.
Тој наместо да ги послуша додал гас, влечејќи го со себе полицаецот кој се обидел да извлече клучот за да го запре возилото.
За среќа нема жртви, а возачот и совозачот се уапсени после овој сериозен инцидент.
— Babica Travica (@BabicaTRAVICA) May 1, 2021