Легендарниот Мик Џегер излегуваше со некои од најубавите жени во светот, но сега во новата книга се тврди дека тој е „бисексуална икона“ кој имал афери со двајца негови колеги од бендот.
Писателката Лесли-Ен Џонс во својата книга „Каменото доба“ вели дека фронтменот на „Стоунс“ имал афера со Кит Ричардс во раните денови на бендот, како и со неговиот поранешен гитарист Мик Тејлор.
„Дејли мејл“ ги пренесува тврдењата на книгата и додава дека ќе побара Мик Џегер (79) да се прогласи за бисексуална икона.
Кит (78) и Мик Тејлор (73), кој беше гитарист на „Стоунс“ од 1969 до 1974 година, наводно и двајцата се наведени во книгата која ги опишува љубовниците што ги имале во текот на годините.
Се споменува и долгогодишното тврдење дека Џегер имал рандеву со Дејвид Боуви, а исто така и наводната афера со австрискиот актер Хелмут Бергер кого го запознал со својата прва сопруга Бјанка.
Во 2010 година, Ричардс во својата книга “Life“ напиша дека Џегер го добил прекарот „Нејзиното височество“ и тврди дека фронтменот има „мало дете“.
Џегер се согласи да се врати на турнејата со Ролинг Стоунс дури откако Ричардс се извини за наводите во книгата.
„Од сите негови врски, единствената важна беше онаа со Кит“, додала поранешната сопруга на познатиот музичар.