Актерката Бони Бартлет Даниелс (93), која е во брак со Вилијам Даниелс 72 години, ги објави мемоарите „Middle of the Rainbow“ во кои вели дека таа и нејзиниот сопруг „никогаш не држеле претерано до верноста“.
– Претпоставувам дека тоа беше малку отворен брак на почетокот, но беше многу болен. Не функционираше добро – изјавила Бартлет Даниелс за време на промоцијата на нејзините нови мемоари „Middle of the Rainbow“.
– Тоа беше време кога луѓето правеа такви работи. Тогаш се случуваше многу во Њујорк и многу луѓе правеа секакви работи, знаете, многу слободно – додала таа.
Отворен брак и афера
Бартлет Даниелс открила дека „имала афера која траела неколку месеци“ со актер, кој бил „малку досаден“, околу 1959 година.
-Никогаш не се чувствував виновна затоа што никогаш не почувствував дека се залагам за верност, а ни мојот сопруг – напишала таа во своите мемоари.
Меѓутоа, аферата на нејзиниот сопруг со продуцентка од 1970-тите ја оставила „скршена“ и целосно ја променила динамиката на нивниот брак.
Поправка на односите
Тогаш сфатила дека повеќе не може да толерира никаков отворен брак и тие двајца почнале да работат на поправка на нарушениот однос.
– Беше многу болно и за двајцата. Но, тоа беше нешто низ кое моравме да поминеме бидејќи никогаш порано не сме доживеале такво нешто. Ја започнавме нашата врска кога имав 18 години. Бил беше мојот прв дечко… Едноставно моравме да поминеме низ сето тоа, а сепак се сакавме многу и се сакаме – вели актерката и заклучува дека тие секогаш биле тука еден за друг и дека тоа е најважно – да сте тука за таа личност, и помагате и ја почитувате како и она што го прави.