Владица Станковиќ од Владичин Хан, најпознатиот српски ловец на змии, без никаков страв се бори со влекачите, но и ги сака. Токму затоа што знае повеќе за нив од просечниот човек, бил повикан да се обиде да извади змија која се вовлекла во гроб, за потоа да може да се погреба покојникот.
-Ова е моја прва интервенција каде што извлекувам змија од гроб. Морав да легнам жив во гробот за да ја извадам змијата, вели тој.
Тој објаснува дека, иако средбата со нив е ненадејна и непријатна, практиката покажува дека ретко завршува со напад на змија. Значи, ако не ја задеваме, единствено може да не исплаши.
Поради интервенција погребот на починатиот ќе се изврши утре.
Станковиќ вели дека интервенцијата не била нималку едноставна, бидејќи морало да се подигне тешка мермерна плоча, а змијата била заглавена, па тој морал да легне во гробот за да ја турне раката, да ја досегне, а потоа да ја извлече.
-Немам проблем со ваквите интервенции, важно е се да биде завршено и змијата да се врати во своето природно живеалиште, истакнува Станковиќ.
Zmija u grobu u Surdulici pic.twitter.com/gTw0fiw7aA
— Silvana (@Silvana71376830) June 3, 2023