Актерката за NYT изјави дека нејзината мајка Дороти не дозволувала таа и нејзината сестра да зборуваат јавно за злоставувањето.

“Кели и јас разговаравме со мајка ми за тоа, и таа ми напиша писмо по разговорот во кое ми кажа дека е многу збунета. Беше згрозена од откритието. Сепак, по разговорот со сестра ми, таа почна да прифаќа дека тоа навистина се случило. “, вели Шерон.

“Мајка ми се согласи отворено да разговара за сè со мене кога ќе и ги прочитам деловите од моите мемоари. Таа беше со мене неколку дена кога се опоравував од грип, лежеше покрај мене во кревет додека ја завршував книгата. После отворен разговор кој траеше час и половина, препишав некои делови од книгата што потоа и ги посветив на неа “, вели актерката.

Стоун вели дека решила да ги напише мемоарите по мозочниот удар што го претрпела.

„Пишувањето беше ослободувачко искуство“, рече таа.