Медиумите ширум светот известуваат за шокантниот случај на млада Турчинка која наводно ја убедила својата сиромашна мајка да и испрати пари тврдејќи дека студирала медицина на престижниот универзитет Оксфорд во Велика Британија.
Во реалноста, таа работела како агент за недвижности во Истанбул.
Мерве Бозкурт (25) доби бројни критики за своите постапки откако било откриено дека со години ја лажела својата сиромашна мајка за да добие од неа дополнителни пари. Девојката се потрудила да ја убеди својата мајка дека е примена на престижниот универзитет, каде што, според нејзината мајка, студирала медицина.
Таа дури и испратила фотографии на мајка и во бел мантил и со маска на лицето за да ја увери дека навистина ќе стане докторка. Во исто време, нејзината мајка продавала цвеќе пред гробиштата во Антиохија за да може да и испраќа пари на својата ќерка, пренесува Одити Централ.
Измамата на младата жена ќе останела незабележана многу подолго доколку посветеноста на нејзината мајка Гулсерен Бозкурт не го привлече вниманието на локалните медиуми, кои побарале интервју со неа откако се дознале дека мајката продава цвеќе за да и плати на својата ќерка да студира на престижен универзитет .
Мерве дури позирала со нејзината мајка и рекла дека ќе стори се што е во нејзина моќ да и оддаде почит на жртвата на нејзината мајка, па дури и се пофалила дека ќе стане неврохирург.
Во интервју за локалната телевизиска станица мајката Ѓулсерен Бозкурт, рекла дека нејзиниот сопруг работи кога и каде може, така што таа е главниот носител на семејството. „Со парите што ги заработувам со продажба на цвеќето, ги покривам трошоците за едукација на моите деца“, рекла мајката на две деца. “Ако некое лице е со добро здравје, работата е најдоброто нешто што може да го направи. Убаво е да ги потрошам парите што ги заработувам на моите деца. Сакам секоја жена да работи и да застане на свои нозе”.
Единственото на што Мерве не сметала е приказната за нејзината мајка, која станала вирална, а наскоро била откриена тажната вистина. Луѓето кои ја познавале Мерве Бозкурт почнале да коментираат дека таа всушност е во Истанбул, а не во Англија, и кога новинарите започнале да го проверуваат нејзиниот статус на Оксфорд, се шокирале кога дознале дека таа воопшто не е запишана таму.
Понатамошната истрага открила дека „студентката од петта година на Оксфорд“ всушност со години живеела во Истанбул и работела како агент за недвижнини. Кога излегле на виделина нејзините лаги, таа немала друг избор освен да признае дека со години ја лажела својата мајка.
“Се чувствувам навистина лошо затоа што ја вознемирив мајка ми. Измислив приказна. Ги убедив сите во таа приказна, па и себеси”, напишала таа во извинувањето. „Јас всушност работев цело време како агент за недвижнини во Истанбул.“
Нејзиното извинување не им било доволно на луѓето, кои сè уште не можеле да поверуваат дека некој така ќе ја изневери сопствената мајка.