Коронавирусот од кој починаа веќе 25 луѓе, за прв пат беше регистриран во кинескиот град Вухан кој има дури 11 милиони жители. Поточно, се смета дека епидемијата започнала од еден локален пазар за риби кој во меѓувреме е затворен, а цел град е ставен во карантин. Во меѓувреме вирусот се прошири и во Тајланд, Јапонија. Јужна Кореја, но стигна и до САД.
Неколку недели откако пазарот стана “нулта точка“ веќе е откриено дека вирусот многу полесно се пренесува од човек на човек отколку што претходно се предвидуваше. Контактот со месото на разни животни кои се продавале на пазарот е главната причина за првите пријавени инфекции кај заболените луѓе.
Локалните медиму направиле список на месо кое се продавало на пазарот а во него имало: свињи, живина, стока, гуски, зајаци, кучиња, елени, змии, желку, шкорпии, саламандери, лисици, крокодили, магариња, ноеви, лебеди, како и пауни, видри, кенгури и коали.
Продавачите во нечисти садови ги чувале остатоците од животните, ракавиците исто така им биле нечисти, како и вагите на кои го мереле месото.
Како што пишува Дејли меил, на пазарот месото од коала се продавало за 10.10 американски долари, а во понудата имало дури 112 врсти на месо.
Инаку, за овој вирус засега не постои вакцина.