Приватниот детектив на кралското семејство, Гевин Барус му се извини на принцот Хари за неговото претходно однесување во документарецот на Би-би-си наречен „The Princes and the Press“, пренесува магазинот „People“.
„Бев дел од група луѓе кои му ги одземаа неговите вообичаени тинејџерски години“, рече Бароус, објаснувајќи дека медиумите биле немилосрдни во раните 2000-ти.
За да ги откријат приказните за Хари, тие ја следеле неговата тогашна девојка Челси Дејви, со која принцот бил во врска шест години.
„Ја хакиравме нејзината говорна пошта, имаше многу надзор над нејзините телефони и канали за комуникација. Челси се фалеше пред пријателите кога требаше да го види Хари“, рекол Гевин.
Бароус, исто така, признал дека ги „копал“ по медицинските досиеја на Челси, се со цел да открие дали таа има сексуално пренослива болест и дали абортирала. Тој рече дека многу му е жал и дека така се однесувал бидејќи бил „алчен, конзумирал кокаин и живеел во лажна состојба на величина“.
Во документарецот се појави и новинарката Роја Ника која рече дека вниманието на девојките на принцот Хари било преголемо.
„Кога излегувате или размислувате да се омажите за член на кралското семејство, контролата што ја поднесувате е огромна“, рече таа, додавајќи дека Хари морал да бара начини да го држи својот љубовен живот подалеку од приватните истражувачи.