И покрај тврдењата на официјалните лица дека првата вакцина во светот против корона вирусот е целосно безбедна, повеќе од половина од руските лекари кои учествувале во истражувањето преку Интернет велат дека не се подготвени да ја примат „Sputnik V“.
Во анкетата учествувале 3.040 лекари, само 24,5 проценти од нив рекле дека ќе бидат вакцинирани, додека 52 проценти од лекарите рекле дека не би се согласиле да се вакцинираат.
Само една петина од испитаниците изјавиле дека вакцината ја препорачуваат на пациенти, колеги или пријатели.
Нивните негодувања ги делат некои Руси кои велат дека се премногу исплашени да ја испробаат вакцината, додека други се согласуваат со својата влада дека скептицизмот изразен од странски експерти е воден од љубомора.
Одобрението на руската вакцина доаѓа пред испитувања во кои вообичаено би биле вклучени илјадници учесници, попозната како Фаза III. Ваквите испитувања обично се сметаат за основни претходници на вакцина за да се обезбеди регулаторно одобрување.
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека вакцината, изработена од московскиот институт „Гамалеја“, е безбедна и дека е администрирана на една од неговите ќерки.
Вакцината „Sputnik V“, именувана по првиот сателит, лансирана од Советскиот сојуз во 1957 година, допрва треба да ја помине последната фаза на тестирање, а некои научници стравуваат дека Русија е подготвена да ја жртвува безбедноста заради престиж.
Александар Гинтсбург од Институтот „Gamaleа“ за ТАСС изјави дека лекарите кои одбиваат вакцинација мора да се соочат со последиците.
Според него, доколку медицинските работници одбијат вакцина, единствениот начин да се добијат антитела е „сериозно да се разболат, бидејќи поблага форма на болеста не обезбедува долгорочна заштита“.