Според информации на Сител од МОН, најрано до 15ти септември очекуваат да поминат законските измени и училиштата да се подготват и за настава во училишта и он лајн.
Според предлогот од Комисијата за заразни болести до трето одделение децата физички да присуствуваат во училиштата а останатите он лајн. Децата нема да имаат топол оброк на училиште. Секој од нив ќе си носи од дома храна или ќе им ја подготвува операторот со храна ангажиран од училиштето, но оброкот ќе е спакуван. Часот се предлага да трае 30 минути. Ако паралелката е со поголем број деца, тогаш децата би биле поделени во две групи. Наставникот прво би ги одржувал часовите со едната група, а потоа и со другата. Пред да дојде во училница втората група ученици, работните простории и целата училница ќе се дезинфицираат. Во помалите општини, односно во руралните општини каде што бројот на ученици не е голем, со физичко присуство ќе имаат настава и останатите ученици од повисоките одделенија.