Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило.
Несреќата се случила денеска околу 13 часот во Гостивар на улицата „Илинденска“, во близина на поранешен „Жито Шар“ во Гостивар. . Од товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, што го управувал Б.С. (58) при разминување со патничко возило „опел-фронтера“ што го управувал Д.Џ (48). Во моментот на разминување на двете возила, дошло до лизгање на арматурни шипки што не биле соодветно обезбедени, при што една од нив влегла низ прозорецот на автомобилот нанесувајќи му повреда во глава на сега починатото лице.
На местото на настанот се врши увид со учество на јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.