Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во статус на Фејсбук објави дека Град Скопје утре ќе ја почне постапката за уривање на две од трите галии кои се наоѓаат во реката Вардар.
“Откако се создадоа правни услови, дадов налог да се раскине договорот и да се наплати банкарската гаранција и за втората од трите галии во коритото на реката Вардар.
Постапката за извршување (отстранување) на галиите, ја започнуваме од утре, кај надлежен извршител.
Сакам да напоменам, дека отстранувањето на галиите и раскинувањето на договорите, ќе немаат никаква буџетска импликација по буџетот на Град Скопје“, напиша Шилегов на Фејсбук.
Инаку, договорот со фирмата „Сервис АД“ е раскинат поради неплатена кирија за 4 месеци, што е еден месец подолго од условот што овозможува активирање на банкарската гаранција и раскинување на договорот.