ШИЛЕГОВ НА ФЕЈСБУК: “Почитувани непочитувачи, барем радувајте се на туѓата среќа“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Откако во јавност излезе сумата од 100.000 евра, хонорар што треба да го добие Дино Мерлин за настап на новогодишната ноќ во Скопје, скопскиот градоначалник Петре Шилегов на Фејсбук напиша:

“Почитувани непочитувачи…гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како … (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски). А колку чини среќата на Скопјани? Колку чини оваа среќа, љубов, незаборавни моменти на Скопјани ? Моменти што животот го прават убав, полн со сеќавања. А сеќавањата се нешта што стареат со нас, добиваат вредност со нас, со нашите години, со нашите спомени. Радоста и сплотеноста на Скопјани е мноооогу, многу повредна од Вашата црна кампања. Ваш е изборот. Искрено се надевам дека ќе најдете сила да ја пронајдете и поубавата страна од животот. Дотогаш, барем радувајте се на туѓата среќа. Така полесно ќа ја најдете и сопствената“, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил со постирани фотографии од зимскиот Винтерленд и новогодишната елка на скопскиот плоштад. .

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com