Факт е дека не можеме да го исфрлиме шеќерот од исхраната, но сигурно е дека можеме да го сведеме на минимум.
Тој се наоѓа во 90 отсто од храната, а е исклучително лош за нашето здравје, убавината, енергијата и расположението. Шеќерот, бела смрт, прави само штета, но упорно го консумираме во големи количини.
Истражувањата покажуваат дека дневно внесуваме и до 10 пати повеќе шеќер од препорачаната доза. Во тој случај, тој може да има големо влијание врз нашиот мозок, а може да створи и зависност како и дрогата, цигарите и алкохолот.
Исто така, тој може да направи и пореметување во метаболизмот и е еден од предизвикувачите на дијабетес тип 2. Доколку се консумира во претерани количини, ни го расипува расположението, така што шеќерот во крвта ни расте, а потоа изненадно се спушта што говори до глатта и ниското ниво на енергија.