Турскиот актерски пар Бергузар Корел и Халит Ерген, познати по улогите на Шехерезада и Онур во мегапопуларниот турски серијал „1001 ноќ“ станаа родители по вторпат.
Бергузар вчера се породи со машко дете кое го доби името Хан.
Породувањето поминало во најдобар ред, пренесуваат турските медиуми.
Инаку, Бергузар и Халит се венчаа во 2009 година, а во 2010 го добија првиот син Али.