Десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот, имало во авионот што се урна во регионот Твер (Русија), на списокот на патници бил и Евгениј Пригожин.
Според прелиминарните информации, сите во авионот загинале, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија.
Авионската несреќа се случила во близина на селото Куженкино.
Веста дека Пригожин бил еден од патниците ја пренесе и Би Би Си.
Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија (Росавијација) иницирала истрага за падот на авионот Ембраер во регионот Твер, се вели во соопштението на агенцијата, додавајќи дека името Евгениј Пригожин е вклучено во списокот на патници на урнатиот лет, пренесе Тасс.
Претходно, на Телеграм каналот „Grey Zone“ поврзан со Вагнер објави дека авионот бил соборен од воздушната одбрана во областа Твер, северно од Москва.
Another video from the site of the plane crash in Tver region of Russia. Russian aviation agency reports Prigozhin was on board of the plane. pic.twitter.com/h3mPYZoM0V
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 23, 2023