Британскиот супермодел Кара Делевињ ја загрижи јавноста со своето однесување на аеродромот во Лос Анџелес.
Кара е снимена како нервозно оди додека зборува на мобилен, а на нозете немала чевли, туку само чорапи.
Кара задоцнила два часа на својот лет, а со автомобилот во кој се возела се упатила до аеродромот, со нозете низ прозорецот. Нејзината помошничка држела капа на која пишувало „мамурлак“. Кара, пишува Дејли Мејл, изгледала многу нервозно и уморно, а нејзиното кученце трчало околу неа додека таа зборувала на мобилен.
Кога успеала да влезе во приватниот авион на Џеј Зи кој ја чекал, дошло до промена на планот. Набргу по влегувањето, таа била видена како го напушта авионот, а куферите ѝ се извадени. Не е познато дали манекенката била исфрлена од авионот, пишува британскиот таблоид.
Супермоделот наводно со денови пред тоа се забавувала на фестивалот Burning Man.
Поради сето ова, нејзиното семејство сега наводно размислува за интервенција, пишува The Sun. “Сите сме неверојатно загрижени. Ситуацијата се развива веќе неколку недели и семејството на Кара е вклучено. Има дискусии за организирање на некаква интервенција и да се осигураме дека Кара ќе ја добие помошта што можеби ѝ треба”, рекол изворот.