Честопати можете да слушнете дека студот е добар за вашето здравје, но знаете ли кои придобивки ги имаат вашето тело и ум кога температурата е ниска? Погледнете што сѐ ви нуди студеното време, при што повеќе ќе ги засакате претстојните зимски денови.
- Имате повеќе енергија. Престојот на ниски температури ве исполнува со енергија која ви останува и кога ќе се вратите во топла просторија. За студот да има таков ефект, не морате долго да бидете изложени, туку доволна е прошетка од половина час.
- Ќе бидете повеќе отпорни. Несомнено е дека престојот на студ ќе направи да бидете поотпорни.
- Подобро ќе спиете. Луѓето кои страдаат од несоница имаат повисока телесна температура, па спиењето во разладена просторија може да им помогне побрзо да заспијат. Идеалната температура за спиење е помеѓу 16 и 20 степени.
- Побрзо согорувате калории. Масното ткиво произведува топлина, а студот ги топи маснотиите.
- Мозокот работи подобро. Луѓето кои се изложени на високи температури ретко донесуваат сложени одлуки. Топлото време брзо ги исцрпува резервите на гликоза кои се користат при менталните процеси.
- Полесно ќе дишете. Поради свежиот и чист воздух во овој период од годината се препорачува што повеќе време да поминувате во природа, во долги прошетки и длабоко дишење.
- Ова е идеално време за трчање. Кога има пониски температури, вие трчате побрзо отколку при повисоките, што значи дека во пократок временски период можете да согорите повеќе калории.