Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко предупреди на висок ризик од смртност шест месеци по заразувањето со коронавирус.
„Шест месеци по инфекција со Ковид-19, ризикот од смрт нагло се зголемува“, рече министерот Мурашко во интервју за ТВ каналот „Русија 24“, а пренесе агенцијата Тасс.
Тој изјави дека заболените, меѓудругото, може да развијат разни компликации поврзани со формирање на згрутчувања во крвта, оштетување на нервите и кардиоваскуларниот систем.
Мурашко нагласи дека пациентите кои неодамна имале коронавирус треба да бидат меѓу првите што ќе имаат детален медицински преглед.
Според министерот за здравство, веќе се направени списоци на луѓе на кои ќе им биде понудено да направат подетален годишен преглед.
Comments are closed.