Пејачката Шер (77) се фали дека никогаш немала подобар секс во животот отколку сега со нејзиното момче Александар Едвардс (37).
Сепак, се појавиле шпекулации дека пејачката буквално го „исцрпува“ 40 години помладиот продуцент и му пречи во работата.
Извор за „National Enquirer“ изјавил дека Едвардс е фрустриран и не знае како да го издржи сексуалниот апетит на пејачката.
„Секојпат кога тој сака да заврши некоја работа во студиото, таа му се јавува и бара уште. Се докажа дека тоа за него е премногу и дека веројатно тоа ќе им стави крај на врската“, вели изворот.
Шер и Едвардс се заедно од ноември 2022 година, но постои можност дека еднаш имале пауза, но повторно се разгореле нивните страсти.
„Шер стана убедена дека Едвардс само ја искористува поради нејзиниот статус и нејзините милиони. Но, одлучи да го следи своето срце и да му даде уште една шанса. Од тогаш се неразделни“, изјавил изворот, пренесува „Radar Online“.
Шер истакнала дека и здравјето ѝ е подобро откако повторно е со Едвардс.
Во текот на својата кариера, Шер се забавувала со најпопуларните заводници од светската јавна сцема, меѓу кои и Ворен Бити, Сони Боно, Том Круз, Вал Килмер и Џин Симсон.
„Шер вели дека Едвардс ја подмладил за 40 години“, додал изворот којшто е близок до парот.
Сепак, разликата од 40 години меѓу овие партнери не можела да не помине незабележано и туку-така да биде прифатена, особено кога станува збор за блиските членови на семејствата.
Најмладиот син на пејачката, Елајџа Блу Алман, остро бил против мајчината врска со Едвардс. Се зборува дека токму нејзината врска со 40 години помладото момче негативно влијаела на борбата на Елајџа со зависноста од дрога затоа што Шер наводно не наоѓала време за никој друг освен за нејзиниот партнер.
„Елајџа е екстремно зависен од својата мајка и многу му е тешко поради тоа што таа престанала да му се јавува секој ден и наместо тоа комуницирале еднаш или двапати неделно“, тврди изворот.