Шерон Стоун не се појавува толку често со своите синови во јавноста. Роуан прави исклучок кога ја придружува на црвениот тепих, а ретко го гледаме Лерд, кој беше со неа на Беверли Хилс. Истото може да се каже и за Квин Стоун.
Лерд Стоун има 18 години, а гордата мама уживаше на совозачкото седиште за време на возењето со него. Повеќето ѕвезди се мрзливи кога ќе ги видат папараците, но не и Шерон Стоун, која секогаш се насмевнува во фотообјективот.
Актерката го посвои својот син Лерд во 2005 година.
“Со години се обидував да посвојам дете, се мачев. Така, навистина, навистина не верував се’ додека тој беше во моите раце“, изјави за People.
Во 2017 година, нејзиниот син, заедно со својот брат Роуан, ѝ ја додели наградата за мајка на годината, велејќи:
“Мајка ми ја заслужува оваа награда. Те сакам, мамо“.
Истата година, тој прошета на црвениот тепих со мајка му и Роуан на холивудската премиера на филмот „Малку нешто за твојот роденден“.