Кадарот не е толку легендарен како кога ги прекрстува долгите, вити нозе во филмот „Основен инстинкт“, но Шерон Стоун дефинитивно крена голема прашина со нова разголена фотографија.
Познатата актерка на Инстаграм сподели доста смела фотографија на која позира топлес!
Шерон Стоун во март наполни 66 години, но фактот дека е во седмата деценија не ја спречува да ја истакне својата сексипилност и да ужива во зрелата убавина и во слободата на нејзините подоцнежни години. Холивудската дива објави топлес- фотографија на која е само во син долен дел од бикини додека работи на новата слика во својот дом во Калифорнија.
Се чини дека Шерон, која е аматерска сликарка, не можела да му одолее на изворот на инспирација, па истрчала директно од базенот до платното за сликање.
“Понекогаш само треба да излезам директно од базенот за да се сликам“, коментира таа на експлицитната фотографија на која ја гледаме како ужива во своето хоби со голи гради, односно само во гаќички.
Актерката покажа дека сè уште може да се пофали со вита става, а притоа, како и поголемиот дел од Холивуд, не е опседната со совршенството и идеалните пропорции.