Шерон Стоун е слободна и повторно подготвена за нова врска. Таа повторно се приклучи на апликацијата за запознавање Bumble, чиј профил лани и беше блокиран. Сега тој повторно е активен.
„Одбив неколку луѓе кој на нељубезен начин се обидуваа да се запознаеме. Очигледно некои луѓе не сакаат да слушнат: “Не, не сакам да излезам со тебе“ -изјавила 61-годишната глумица.
Сепак Шерон смета дека оваа апликација е во ред.
“ Добро се забавувам, запознав неколку драги луѓе, склопив пријателства“ појасни глумицата која објасни што бара.
“ Барам некој кој ќе биде грижлив и чувствителен во љубовта“, појасни таа.
Инаку, апликацијата за пронаоѓање на партнер Bumble е исклучително популарна, статистиката кажува дека е втора најпопуларна во Америка со 5 милиони месечни корисници. Поинаква е од останатите по тоа што само жените можат да го направат првиот чекор и да ги контактираат мажите, никако обратно.