Поминаа скоро 30 години откако Шерон Стоун глумеше во филмот „Ниски страсти“ (1992) и дури сега зборуваше за хонорарот што го добила за тој трилер.
Иако таа стана ѕвезда по тој филм, вели дека не ја направил богата.
„Направив малку пари. Мајкл заработи 14 милиони долари, плус процент од заработката на филмот. Јас дури и не заработив доволно пари за да си купам фустан за да одам на „Оскарите“ следната година“, рече Шарон во интервју за радио шоуто „Q With Tom Power“.
„Се најдов во чудна неизвесност – одеднаш станав славна и немав пари“, додаде актерката.
Повторно, таа не ја откри точната бројка, но претходно се шпекулираше дека заработила 500 илјади долари. Иако за многумина е вртоглава сума, споредувајќи ја со заработката на Мајкл Даглас за истиот филм, јасно е зошто Шерон е несреќна.
Бидејќи стана голема sвезда поради филмот и луѓето по улица трчаа по неа, водителот ја праша дали може да си дозволи осигурување. Шерон одговори дека нема доволно пари за сè што и треба.
Во мај 1992 година, таа беше на Канскиот филмски фестивал, каде доживеа вистинско лудило.
„Се вратив во хотелот и сфатив дека ми се украдени сите работи освен облеката на мене. Моите контактни леќи, мојот филм од камерата, мојата четка за заби – сè беше исчезнато“, рече Шарон.
„Телохранителите ги собраа сите вработени во кујната и млади луѓе кои ги чистеа масите во ресторанот и направија круг каде што бевме јас и моите две девојчиња. Така се обидоа да не изнесат низ холот на хотелот. Имаше стотици луѓе кои полудеа и не влечеа“, додаде таа.